Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за четири, а цените на мало за три отстто

Bez autora
Dec 10 2025

Индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на ноември 2024 година бележи зголемување од 4 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3 отсто – соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 е зголемена за 0,5 проценти.

Зголемувањето е резултат на порастот на трошоците на животот во групите: Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Според Државниот завод за статистика, цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за 0,6 отсто.


Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik